Мигранти биле пронајдени синоќа кај Демир Капија, додека возачот кој ги превезувал успеал да побегне, објави МИА врз основа на информации од портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Синоќа околу 23.20 часот кај Градско, возилото со мигрантите не застанало на наредба на полициските службеници, туку ја зголемило брзината, по што кај Прждевски надвозник удрило во службено возило, а возачот избегал. Десетмината мигранти кои биле пронајдени, се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.