Десетици мигранти ја блокираа пругата на железничката станица „Ларисис“ во Атина, во знак на протест, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Тие бараат да бидат транспортирани до грчката граница, каде што би им се придружиле на останатите бегалци кои чекаат повторно отворање на балканската рута од 2016 година, кон северот на Европа.

Десетици мигранти седнаа на пругата со што го нарушија железничкиот сообраќај. Полицијата на станицата ја следи ситуацијата.

Незадоволните бегалци бараат да бидат транспортирани со автобус до Диавата во северна Грција, каде што околу 500 мигранти, од вчера, се собрани во импровизиран камп, по повик на социјалните мрежи да се упатат кон границата.