Меѓу жртвите во синоќешните терористички напади во Виена, наводно, е и 21-годишно момче со потекло од струшко Велешта. Тој бил излезен во кафуле заедно со неколку пријатели кога се случил нападот, според изјавите на членови на неговото семејство, како што пренесуваат повеќе медиуми.

Австриските власти претходно објавија дека осомничениот напаѓач кој беше застрелан од полицијата, бил со албански корени, додека неговите родители се од Македонија.

Во синоќешните напади во Виена беа убиени четири лица, додека 17-мина беа ранети.