Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Тој на 17.10.2020 во својот дом во Кочани организирал прослава на која присуствувале поголем број лица, иако бил должен да ја извршува мерката изолација во домашни услови, со издадено решение на 14.10.2020 од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти полицијата.