Скопјанка што управувала електричен тротинет е тешко повредена откако вчера во неа удрил автомобил „мерцедес“ со скопска регистрација.

Автомобилот бил управуван од 18-годишник од скопското село Мојанци.

Незгодата се случила на крстосницата од булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев, а од ударот тешко повредена била 41-годишната жена, која веднаш била пренесена во болницата „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.