Преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот Закон за јавното обвинителство, адвокатот Тони Менкиноски денеска бил повикан на средба во Министерството за правда, но побарал одложување на средбата, по градењето на партиски ставови, информираа за МИА од Министерството за правда.

-Менкиновски беше повикан на средба денеска, но одговорот е дека сé уште немаат изградено ставови за одредени прашања и побара одложување на средбата, по градењето на партиски ставови – велат од Министерството.

Поканата за денешната средба доаѓа по изјавата на Менкиноски дека иако на последната средба со министерката за правда Рената Дескоска откако доставиле 65 амандмани за законот и се договориле да се видат повторно за амандманите, иако поминало повеќе од една недела таа му се немало јавено.