Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во с. Волино.

– Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување, со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани, Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој настан – соопшти МВР.