Од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и една жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани биле вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и две жртви.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја пречекориле дозволената брзина на движење, 44 автобуси биле испратени на вонреден технички пеглед при што кај еден автобус, констатирани биле неисправни уреди за сопирање.

Овие возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, велат од ресорното министерство.

Од таму напоменуваат дека најчести причини за сообраќајните незгоди се, непридржување на брзината на движење пропишана на патниот правец, неприлагодување на брзината на движење спрема условите на патот, управување моторно возило под дејство на алкохол, зборување на мобилен телефон во тек на управување моторно возило.