Министерството за внатрешни работи попладнево објави видео од синоќешните насилни протести пред Собранието на Република Македонија.

Поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица.

Во насилните протести повредени се седум полицајци, а уште 10 лица побарале лекарска помош.

Истрага за синоќешните случувања пред Собранието на РМ покрена и Основното јавно обвинителство Скопје.