Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа Тикток се појави во јавноста, а се однесува на незаконско поминување на наплатна рампа, информираат од МВР.

Како што додаваат од таму, на него се гледа како маж покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“, со гостиварска регистарација.

Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него на 18 јануари бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

Воедно од МВР појаснуваат дека М.З. не е вработен во министерството, како што претходно беше објавено во дел од медиумите.