Од МВР информираат дека синоќа во 22.30 часот на струмичката улица „Ѓорги Трајков“ од страна на полициски службеници кои го контролирале почитувањето на полицискиот час, биле затекнати 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина.

Од страна на полицајците лицата биле легитимирани, по било утврдено дека дело од нив поседуваат дозволи за движење издадени од Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, а дел од лицата поседувале Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување во Струмица.

– По овластување на дежурен Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР-Струмица и со Потврда за привремено одземени предмети се одземи предметните дозволи и известувања со цел проверка на веродостојноста на истите – информираат од МВР.

Јавниот обвинител издал наредба полицајците да ги обезбедат пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за истите од страна на Здруженито „Сите заедно можеме“.

Денеска во врска со натано три лица биле повикани на разговор во СВР-Струмица, по што си заминал.

– Во моментот се работи на целосно расчитување и документирање на случајот во координација со ОЈО-Струмица – велат од ресорното министерство.

Од таму додаваат дека со цел да се утврди дали полициските службеници постапиле согласно правилата и процудурите, од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени мерки и соодветно ќе биде информирана јавноста.

Ваквото образложение на МВР, следува отако претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Фејсбук обвини дека ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции.

– Полицијата вчера влегла во магацинот за контрола на хуманитарните пакети, кои се донација од семејството Заеви во време на кризата предизвикана од коронавирусот – објасни Заев и порача дека станува збор за одлика на нелуѓе од, како што кажа, еден режим што одамна е поразен.