Машки труп е пронајден утрово во водите на Вардар во општина Желино.

Телото не е идентификувано, а според првичните сознанија се претпоставува дека станува збор за 93-годишно лице кое е пријавено како исчезнато пред 10 дена од село Стримница, општина Желино.

Се очекува екипи на Противпожарната единица на терен да го извлечат пронајдениот труп.

Полицијата го обезбедува местото, по што ќе се врши увид.