Тело на маж било пронајдено кај железничката станица во Велес.

Како што јави МВР, телото вчера го здогледал машиновозач додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија – Скопје.

Полициските службеници кои излегле на местото, утврдиле дека станува збор за маж на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.