Двајца маскирани крадци денеска претпладне се обиделе да ја ограбат поштата кај Железничката станица во Битола, но во тоа биле спречени од вработен во Поштата. Според очевидци на настанот, двајцата крадци дошле до поштата со мотор и маскирани влегле внатре, барајќи пари од вработениот.

Но младиот службеник во поштата, кога забележал дека пиштолот е плашливец, се спротиставил на нивните закани и почнал физички да се пресметува со нив. По таквата реакција на вработениот, едниот од крадците веднаш избегал, а другиот продолжил да се пресметува со поштенскиот службеник, по што и тој избегал.

Притоа крадците го оставиле моторот со кој дошле да ја извршат кражбата.
Полицијата го расчистува случајот. М.М.