Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерот за правда не дава никакви помилувања, ниедно спорно име нема да се најде на листите, вели министерот Бојан Маричиќ во врска со објавите околу листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот на државата Стево Пендаровски, пренесува МИА. Маричиќ истакнал и дека ваквата постапка не е јавна.

Заменик-министерот за правда Агум Нухиу преку соопштение на Фејсбук тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Маричиќ.

– За предлозите за помилување на некои затвореници, како заменик на министерот за правда не се согласив и секако институционално реагирав. Предлозите до Управата на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела вознемируваа граѓани и ги уриваа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка, ниту од министерството за правда. Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата – напиша Нухиу.

Конечната верзија на списокот ќе биде испратена до Комисијата за помилување, во кабинетот на претседателот на државата.