На автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус билo пронајдена ќесe со марихуана.

Како што соопшти МВР, вчера во 11.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици, кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот. Никој од патниците не се јавил како сопственик.

Од страна на полициска патрола од станицата Петровец било утврдено дека во најлонската ќеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.

Се работи на целосно расчистување на случајот.