Фото: Илустрација

Синоќа околу еден часот по полноќ на местото Банишко поле, во близина на границата со Албанија, во атарот на дебарското село Аме, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Блато , регионален центар Запад, пронашле 10 поголеми најлонски пакувања со марихуана.

Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.