Девојче на 15-годишна возраст вчера било донесено во болница со прострелна рана во пределот на главата. Како што информира полицијата, вчера во 14:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда на главата од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од страна на нејзиниот 18-годишен брат. Во нејзина близина бил пронајден пиштол од марката „црвена застава“, кој е во сопственост на нејзниот татко и за кој поседува содветна дозвола.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.