Вчера во селото Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и мопед.

Како што јави МВР, со возилото управувал В.М.(69) од Штип, а мопедот го возела 15 годишна малолетничка од селото Таринци, општина Карбинци.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.