Полицијата повика на разговор три малолетни лица во Ресен осомничени дека сквернавеле гробови и се снимале за „Тик-ток“.

Според информациите од МВР, денеска полицијата идентификуваа и изврши службен разговор со тројца малолетници од Ресен, двајца на 16-годишна возраст и еден на 14-годишна возраст, во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „Тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град.

Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци.