До физичка пресметка помеѓу две групи малолетници дошло синоќа во угостителски објект во Сарај.

Како што јавуваат од полицијата, на пресметката претходело недоразбирање и нетрпение и бил нарушен јавниот ред со тепачка помеѓу 16- и 17-годишни малолетници од селото Грчец, Скопско, од една страна, и Ј. Л. (35), Б. Л. (18) и 17-годишен малолетник, сите од селото Грчец, и 17-годишен малолетник од селото Глумово, Скопско, од друга.

Направени се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.