Во кочанската полиција на 8 февруари, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил на Инстаграм биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.

Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.