Четворица малолетници од валандовското село Чалакли, вчера физички нападнале малолетничка од нивното село и притоа еден од напаѓачите и нанел убодна рана во пределот на левата надлактица, сооштија денес од СВР Струмица.

Нападот бил пријавен во Полициската станица во Валандово, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.