Фото: Илустрација

Седуманесетгодишник од Пирок во Боговиње, бил донесен во тетовската болница со рана од огнено оружје во пределот на градите.

„По преземени мерки било утврдено дека во домот на Ј.М. во с.Пирок, кој бил во Швајцарија, неговиот син и повредениот малолетник го пронашле пиштолот и додека синот на Ј.М. го држел пиштолот испукал еден куршум“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила полициска екипа.