Малолетник со пушка повредил врсник во селото Врапчиште. Како што информира полицијата, завчера во болница било донесено повреденото момче, кое било застрелано со воздушна пушка.

– Според пријавата, на 05.01.2021 околу 15.30 часот во помошен објект во атар на с.Врапчиште, 16 годишен малолетник од с.Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка со еден истрел погодил друг малолетник од истото село. По настанот повредениот е префрлен во приватна болница „Систина“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот – соопшти полицијата.