Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар синоќа со автомобил „бмв“ се забил во ѕид на улицата „Лазар Лазаревски“ во Гостивар.

Со него во возилото бил и 18-годишниот И.Ј. од Гостивар.

По незгодата И.Ј. е пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.