Шеснаесетгодишен малолетник од с.Сарај со убодна рана вчера вечер е донесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Според пријавеното, во близина на угостителски објект на ул. „2“ во село Сарај, малолетникот бил физички нападнат од три непознати лица, при што едно од лицата со остар предмет му нанело убодна рана.

Од лекар на малолетникот му се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.