Малолетник од Штип приведен за напад врз жена и кражба, што се случило денеска пред влезот на градскиот пазар во Штип.

– Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.З.(17) од Штип, затоа што околу 11:50 часот на ул. Сутјеска пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М.(65) од Штип и насилно ѝ го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи. Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М. Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава – соопшти МВР.