Планинар од Македонија починал откако паднал во бездна на планината Олимп во Грција, откако најверојатно му се слошило, пренесуваат македонските медиуми.

Станува збор за група од околу девет планинари кои се искачувале на планината Олимп. Планинарот изгубил рамнотежа и паднал во провалија откако најверојатно му се слошило или имал срцев удар. Телото е извлечено од 14 припадници на специјална спасувачка едицина на противпожарната служба од Литохоро и е пренесено во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“.

Обдукцијата која е закажана за утре во Солун треба да даде одговори зошто се случила несреќата. Станува збор за маж од Скопје, а неговото семејство е информирано за несреќата од страна на планинар кој бил дел од тимот што се искачувале на Олимп.