Македонски државјанин ја избодел до смрт неговата сопруга, која исто така е од Македонија, на паркинг пред супермаркет во австриски Тулн, пренесуваат тамошните медиуми.

Осомничениот 36-годишен маж е уапсен, откако 32-годишната жртва починала на местото на злосторството поради тешките повреди. Таа била избодена со нож во вратот, соопшти полицијата, која го има во посед оружјето со кое е извршено убиството.

Брачниот пар има две деца на возраст од шест и десет години, кои не биле присутни на местото на злосторството. Децата се згрижени од надлежните институции.