Дипломат од Македонија, вработен во мисијата на ОБСЕ во Виена, е притворен во Србија за време на негово приватно патување, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од таму велат дека нивниот вработен бил притворен на 27 август, но не ги наведуваат причините.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија потврдува дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27.08.2021, за што Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград. Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство“, велат од МНР.

Работниот однос на притворениот е ставен во, сѐ додека случајот не биде разрешен.