Хероин вреден половина милион евра запленила унгарската полиција во возило на македонски државјанин. Дрогата била спакувана во 15 пакети со вкупна тежина од 11,7 килограми.

Како што пренесе РТС на влез во Унгарија од Србија полицијата при детален преглед на моторно возило „БМВ X5“, што го управувал Македонецот, специјално полициско куче за откривање на наркотици ја открило дрогата под сувозачкото седиште.

Возачот бил притворен и против него ќе биде покрената постапка за криумчарење на дрога.