Maкедонски државјанин, П. К.(54), починал вчера на паркинг на ски-патеката Кулиното, во близина на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма“.

Според бугарските медиуми, медицинската екипа дошла на лице место и констатирала смрт.

Починатиот Македонец и во минатото имал срцеви проблеми. Телото е предадено на обдукција.