Беровската полиција поднесе кривична пријава против Д.С. (36) од беровското село Двориште поради сомнение за сторено кривично дело намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години.

Како што информираат од МВР, 36-годишникот во повеќе наврати преку социјалната мрежа Фејсбук и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на 11-годишно девојче од беровско село наведувајќи го на средба.