Синоќа, на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на клучката за с. Љуботен, се случила сообраќајна незгода, при што едно лице го загуби животот.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С. А. (33) од Кочани, патничко возило „пежо 206“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М. Р. (28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А. Т. (40) од Кочани.

– Во незгодата починал Е. М. (42), сопатник во патничкото возило „опел корса“, возачот добил тешки телесни повреди, а двајца сопатници телесни повреди – информираат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Штип и јавен обвинител.