Триесет и тригодишен маж од радовишко починал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Струмица-Радовиш.

Тој удрил во патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот и загинал на местото на настанот.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираа од МВР.