Четириесет и осумгодишен маж вчера починал пред Јавната здравствена установа Кавадарци.

Како што е наведно во полицискиот билтен, вчера во 01:10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека пред влезот на установата имало непознато лице во алкохолизирана состојба, кое ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска помош.

Околу 01:10 часот кога излегле да видат што се случува со него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот. По извршени проверки констатирано е дека се работи за Ј.М. (48) од Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.