Педесетгодишен маж од селото Карбинци, Штипско бил повреден од залутан куршум додека работел во нива.

Настанот се случил пред два дена, а мажот бил повреден во пределот на десната натколеница, информираат од полицијата.

Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.