Полицијата синоќа во Охрид приведе 40-годишен маж од Турција.

Како што информираат од МВР, мажот имал постојано живеалиште во САД, а тука престојувал во куќата на родителите на неговата сопруга.

„По претходна семејна расправија, тој физички ја нападнал сопругата и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата“, велат од полицијата.

Странскиот државјанин е приведен во полициска станица.