Вчера во 12.50 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, А.Б.(42) од Кавадарци пријавил дека во куќа на ул.11-та Бригада, во соба каде престојувал, го пронашол починат Л.М.(44) од Албанија.

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.