Утрово се пронајдени маж и жена починати во семејна куќа во селото Табановце во Куманово.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во куќата каде што утринава беа пронајдени телата на двете починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години.

Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.​

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.