Изгорено машко тело вчера било пронајдено во стан на бул. „ЈНА“ во Штип, каде што избувнал пожар. Телото го пронашле пожарникарите додека го гаснеле пожарот.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип и Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.