Четириесет и едногодишен жител на струмичкото село Турново загинал кога тракторот што го управувал се превртел.

Како што соопшти полицијата, А.С. (41) од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел по што од здобиените повреди починал на самото место.

Од МВР појаснуваат дека несреќата се случила вчера попладне околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново – село Бориево, Струмичко.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.