Триесет и двегодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа синоќа на локалниот пат ‘Ржаничино – Таор.

– Патничко возило ‘хонда’, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Б. (32) од Скопје, излетало од патот. Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.