Две девојчиња вчера се здобиле со повреди кога врз нив паднала лулашка.

Според информациите од полицијата, настанот се случил во угостителски објект во Струмичко.

Тие биле пренесени во струмичката болница каде им била укажана лекарска помош. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, велат од МВР.