Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Фото: Горан Анастасовски

Министерството за врантрешни работи соопшти дека пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин гроб, во село Матејче, утринава е локализиран.

Со пожарот беше зафатена нискотеблеста шума и сува трева, а бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.

Пожарот вчера вечерта почна да се шири кон селата Никуштак, Виштица и кон Матејче во горниот дел од планинскиот превој, а гаснењето беше отежнато поради ветрот и непристапниот терен.

-На 18.03.2019 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаи Гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева. На 19.03.2019 во 08.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“- е наведено во дневниот билтен на МВР.