Шеесет и шестгодишен неготинец бил каснат од змија утрово додека работел во лозјето. Лицето примило серум и со службено возило било пренесено во кавадаречката болница, каде било задржано. 

Пред неколку дена, неготинка исто така беше касната од змија додека работела во лозовиот насад. 

Познавачите на состојбите велат дека во овој период од годината змискиот отров е најсилен. 

Според хирургот Дано Кулев, по околу седум каснувања од змии има годишно во Тиквешко. Тој апелираше на внимателност, нагласувајќи исто така дека змиите  не напаѓаат сами од себе, туку само ако се почувствуваат загрозени.