Шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка.

Тој го пријавил делото во Полициската станица Сарај со објаснување дека мислел оти е дива свиња. Полицијата го уапсила Р. К.

Во 21.40 часот на полициски службеници им ги покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С. Ј. (46) од с. Матка, Скопско. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.