Лишени од слобода се две малолетни лица од тетовското село Теарце и едно полнолетно момче од Тетово, кај нив полициски службеници пронашле марихуана.

-На 25.02.2019 околу 12.30 часот на улица „Предраг Јанчевски“ во Тетово од слобода се лишени две 17 –годишни лица од тетовското село Теарце- информираат до МВР.

При преглед кај нив, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Двајцата се задржани во полициска станица.

Исто така, од МВР информираат дека на 25.02.2019 околу 18.30 часот на улица „120“ во Тетово од слобода бил лишен И.Д.(18) од Тетово. При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

И тој бил задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случаите против трите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.