Фото: Илустрација

Триесет и седумгодишник предизвикал инцидент во казино во Кочани во раните утрински часови. Тој најпрво физички се пресметал со две лица. Потоа, преку телефон упатил закани до полицаец кој во тие моменти на бил на должност. Насилникот нападнал и членови на обезбедувањето на казиното, а во еден момент извадил пиштол и почнал да пука.

Неговото дивеење било пријавено во полиција, пришто полицајци дошле на местото на настанот, на кочанската улица „Димитар Влахов“ и го пресретнале 37-годишникот. Полицајците му наредиле да застане и како предупредување кон него биле испукани два куршума во воздух. Но и покрај тоа лицето не застанало, туку испукало два куршума во воздух и се дало во бегство.

Полицијата во моментов презема мерки за расчистување на случајот.